
Во согласност со Правилата за снабдување со топлинска енергија, заврши грејната сезона 2018/2019. Грејната сезона за 2018/ 2019 започна вообичаено, односно на 15 октомври 2018 година и беше продолжена до 23.04.2019. По правило, грејна сезона трае од 15 октомври во тековната календарска година до 15 април во наредната календарска година и истата може да почне порано или да биде продолжена во зависност од временските услови. Доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, според податоците од Управа за хидрометеоролошки работи на Република Македонија, грејната сезона може да биде продолжена, но најмногу до 30-ти Април.