Заврши грејната сезона 2021/2022



Jа информираме јавноста дека, согласно регулативата, грејната сезона 2021/2022 е официјално завршена за потрошувачите приклучени на системот за централно греење во градот Скопје со кој управува БЕГ.

Поради надворешните временски услови, грејната сезона 2021/2022 започна на 7 октомври 2021 и беше продолжена до 21 април 2022 година. Согласно важечката регулатива, грејната сезона трае до 15 април и може да биде продолжена по 15 април (но не подоцна од 30 април), доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.