Заради поголем дефект прекината испораката на топлинска енергија во централното градско подрачје на Скопје и делови од општина Карпош



12.01.2017, Скопје – Поради дефект (губење на вода) во дел од толинската мрежа прекината е испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во централното градско подрачје и делови од општина Карпош. Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан Енерџи веќе се на терен и интензиво работат на санација на дефектот и воспоставување на режим на редовна испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи.
Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи да биде воспоставено во најкраток можен временски рок.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на тел: (02) 3076 200