
11.04.2017, Скопје – Зарди дефект во секундарната дистрибутивна топлинска мрежа кај потрошувачите на улиците Мито Хаџивасилев – Јасмин број 26 и 30, Македонија број 3 и 5 и Даме Груев број 5, прекината е испораката на топлинска енергија.
Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи се на терен и според проценката се очекува во најбрз рок дефектот да биде саниран, по што ќе се нормализира испораката на топлинска енергија.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200