
24.04.2017, Скопје – Заради дефект во секундарната дистрибутивна топлинска мрежа привремено е прекината испораката на топлинска енергија кај потрошувачите на улиците:
- Народен фронт број 21 и 23
- Козара број 68, Васил Ѓоргов 33, 33А и 35
- Киро Гавриловски број 3 и 5
- Елисие Поповски Марко број 10
Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи се на терен и според проценката се очекува во најбрз рок дефектот да биде саниран, по што ќе се нормализира испораката на топлинска енергија.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.