Заради дефект во дистрибутивната мрежа прекината испораката на топлинска енергија за неколку потрошувачи на улиците Дрезденска и Алжирска



03.03.2017, Скопје – Зарди дефект во секундарната дистрибутивна топлинска мрежа на улиците „Дрезденска“ и „Алжирска“ во општината Карпош, кај мал дел од потрошувачите е прекината испораката на топлинска енергија.
Без топлинска енергија се објектите на улица „Дрезденска“ со броевите 12,20,28,32,34 и 36 и на улицата „Алжирска„ со броевите 1,2,3,9,11,13,15,17,19 и 25.
Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енеџи се на терен и според проценката се очекува до вечерните часови дефектот да биде саниран. Испораката на топлиснка енергија кај потршувачите од горе наведените адреси се очекува да се нормализира утре наутро.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200