Кадровско екипирање
Снабдување со топлина Балкан енерџи е континуирано фокусирана на унапредувањето на кадровската екипираност на компанијата во насока на постојано унапредување на задоволството на потрошувачите. Постои компаниска подготвеност и отвореност да се даде можност за професионален ангажман на лица кои се подготвени континуирано да се надградуваат и професионално развиваат, и кои може да придонесат кон највисоко корисничко искуство. Во следниот период компанијата ќе има потреба од вработување на следниот тип на професионалци:
- Монтери на уреди за греење
Овие лица е неопходно да имаат минимум стручна подготовка 4/3 – ССС, ССЗ машински техничар, браварска струка. Искуството и поседувањето сертификат – уверение за заварување ќе се смета за предност.
Ги охрабруваме сите заинтересирани кандидати да се пријават. Апликацијата ќе биде разгледана и евидентирана во нашата база на потенцијани вработени и кога вашите квалификации ќе соодветствуваат на потребите за одредена отворена позиција, ќе бидете повикани на разговор за учеството во процесот на вработување.