
18.01.2017, Скопје – Дел од потрошувачите во општината Центар имаат времен прекин на испораката на топлинска енергија заради дефект. Имено се работи за течење на неактивен приклучок на ул. Апостол Гусларот број 17 заради што неколки објекти на огранокот од улицата Рајко Жинзифов кон улицата Апостол Гусларот имаат прекин на испораката на топлинска енергија. Времен прекин на испораката на топлинска енергија имаат објектите на следните адреси:
- Ул. Рајко Жинзифов број 51
- Ул. Шумадиска број 18
- Ул. Златко Шнајдер бр 13А и 14
- Ул. Никола Тримпаре бр. 27А
- Ул. Апостол Гусларот број 40,44 и 46
Екипите на Дистибуција со топлина Балкан енерџи веќе се на терен и ќе извршат машинска санација по што се очекува нормализирање на испораката на енергија за неколку часа.
Поради голема загуба на вода, изолиран е и водот од ул. 8 Март кон булеварот Илинден. Во моментот испораката на топлинска енергија е прекината на булеварот Илинден број 70, улицата Коле Неделковски број 5 и 6 и улицата Пајак број 12. И на оваа локација екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи се на терен за да се направи итна санација на дефектот. Се очекува во текот на денот греењето да биде нормализирано.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200