Времен прекин во испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во општина Центар заради дефект



Дефект на топловодната мрежа предизвика излевање на топла вода на тротоарот и дел од коловозот на ул.Наум Наумовски Борче. Поради дефектот на топловодна мрежа без греење се корисниците на следните објекти:

  • Наум Наумовски Борче бр.70
  • Наум Наумовски Борче бр.68
  • Наум Наумовски Борче бр.87
  • Наум Наумовски Борче бр.81
  • Наум Наумовски Борче бр.79Г – Детска градинка 13-ти Ноември
  • Коле Неделковски  бр.20
  • Орце Николов бр.97
  • Орце Николов бр.93
  • Орце Николов бр.91
  • Орце Николов бр.107
  • Орце Николов бр.101
  • Орце Николов бр.104
  • Орце Николов бр.106
  • Орце Николов бр.110
  • Ѓорѓи Пешков бр.7
  • Васко Карајанов бр.2

Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан Енерџи се на терен и забрзано работат на санација на дефектот. Се очекува во најбрз рок да се нормализира испораката на топлинска енергија.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.

Напоменуваме дека топлиноносителот кој се излеа на улицата е деминерализирана вода без хемиски додатоци.