Времен прекин во испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Тафталиџе 1 поради дефект



15.01.2017, Скопје – Дел од потрошувачите во населбата Тафталиџе 1 во општината Карпош имаат времен прекин на испораката на топлинска енергија кој ќе трае до крај на времето за испорака односно 22:00 часот. Причина за прекинот на испораката на топлинска енергија на долунаведените потрошувачи е дефект на приклучок на улица Букурешка на вод Ц2 од Топлана Запад.

Без топлинска енргија се потрошувачите на улиците:

  • Букурешка број 2, 3, 4, 5, 7, 9, 17, 23, 25, 39 и 41
  • Прашка број 28, 36, 38 и 42
  • Париска број 1, 5, 7, 9, 11 и 11А
  • Варшавска ББ, 5, 5А и 10
  • Ташкентска 2Б, 4Б, 8

 

Eкипите на Дистрибуција со топлина Балкан Енерџи се веќе на терен и се работи на отстранување на дефектот. Според проценките дефектот ќе биде саниран во текот на ноќта и потрошувачите од овие улици, во текот на утринските часови ќе добијат навремена испорака на топлинска енергија.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200