Воспоставено редовното снабдување со топлинска енергија во центарот на Скопје



31.10.2016, Скопје – Денеска, во раните утрински часови, екипите на БЕГ-Дистрибуција го отстранија големиот дефект на секундарната дистрибутивна топлинска мрежа во близина на Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (т.н. стара Градска болница), којшто предизвика прекин на греењето во болницата „Cв. Наум Охридски“, во зградите на Сојузот на синдикатите и Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“, како и во зградите на булевар „11-ти Октомври“ со броеви: 19, 21 и 23 и на булевар „Кочо Рацин“ со броеви: 8, 10, 14, 18, 20 и 28. Овие потрошувачи од утринава редовно добиваат топлинска енергија. За санација на дефектот заменет е 20 метри долг цевковод DN200.

Екипите на БЕГ–Дистрибуција и понатаму ја следат состојбата и се подготвени да интервенираат. Потрошувачите можат да пријават дефект или рекламација за квалитетот на греење преку Центарот за грижа за потрошувачи на Снабдување со топлина Балкан енерџи, на телефонскиот бројот 3076-200, со праќање СМС-порака на броевите: 076-350-298 (Оне), 078-207-056 (Вип), 070-369-337 (Т-мобиле), како и преку веб страницата www.beg-snabduvanje.com.mk,  во кој било ден од денот, 24/7.