Воспоставено редовно снабдување со топлинска енергија во населбата Тафталиџе 1



04.01.2017, Скопје – По брза интервенција на екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи, вчера во 17.30 часот, отстранет е дефектот на толинската мрежа на ул. „Варшавска“, што предизвика затворање на магистралниот цевковод Ц2 од Топланата „Запад“ кон населбата „Тафталиџе 1“, и привремен прекин на испорака на топлинска енергија за објектите на улиците: „Варшавска“, „Париска“, „Хаванска“, „Виенска“, „Мексичка“ и „Букурешка“. Со санација на дефектот е воспоставено редовно снабдување со топлинска енергија за сите потрошувачи од објектите на овие улици.

Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи редовно ја следат состојбата на дистрибутивната толинска мрежа и се подготвени брзо да интервенираат доколку има потреба. Потрошувачите можат да пријават дефект или рекламација за квалитетот на греење преку Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот бројот 3076-200, со праќање СМС-порака на броевите: 076-350-298, 078-207-056 (Вип), 070-369-337 (Т-мобиле) како и преку нашата веб страницата, во кој било ден од денот, 24/7.