Визија, мисија и остварени резултати


Визија

  • Привлекување на нови потрошувачи,со презентација на сите погодности кој ги нуди системот за централно греење.
  • Зголемување на квалитетот на услугата, со креирање на нови повисоки стандарди, техники и е-технологии, преку реализирање на барањата и исполнување на обврските кон потрошувачите.
  • Создавање на стабилни и предвидливи услови при вршење на дејноста,
  • Постигнување на подобри деловни резултати и перформанси во работењето,
  • Препознатлив имиџ и задоволни корисници.

Мисија

  • Безбедно, континуирано и квалитетно снабдување со топлинска енергија
  • Гарантиран квалитет  на услугата, преку подобрување на ефективноста и ефикасноста  на процесите во друштвото.

Остварени резултати

Остварените резулати дадени во продолжение коренспондираат со визијата на друштвото, согласно која се остварува и мисијата. Сите активности кои се преземаат се со цел создавање на стабилни и предвидливи услови за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија.

Како резултат на континуираната модернизација на технолошките процеси и зголемувањето на енергетската ефикасност на системот за централно греење низ годините, квалитетот на услугата е значително унапреден. Токму затоа бројот на потрошувачи постојано се зголемува, а со тоа и загревната површина и ангажираната топлинска моќност. Трендот на повторно приклучување на претходно исклучените потрошувачи се должи на високиот комфор што го добиваат потрошувачите за најдобра цена, согласно еколошките стандарди.

Движењата на пазарот на енергенсите на берзите и во голем дел заштедите во работењето резултираа со намалување на цената на услугата за централно греење за сите категории на потрошувачи, а со тоа и намалување фактурите-сметките за топлинска енергија кај крајните потрошувачи.