Услови за испорака на топлинска енергија за 8.10.2021 година



Ги информираме потрошувачите дека, за ден 8.10.2021 година, создадени се надворешни услови за производство и испорака на топлинска енергија до потрошувачите.

Оваа информција е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозата за средна дневна температура од  11 ˚С за Скопје за 8.10.2021 година од Управата за Хидрометеролошки работи.

Во моментов во 90 колективни станбени објекти, кои се приклучени на системот за централно греење, сè уште не се отстранети пречките кои се во надлежност на потрошувачите и заедниците на станари за да може испораката на топлинска енергија да се одвива непречено. Во околу 40 објекти не е обезбедено напојување на топлинската станица со електрична енергија, а во 50 не се отстранети дефектите во внатрешната грејна инсталација или истото не е пријавено во Центар за грижа за потрошувачи на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.

Снабдување со топлина Балкан Енерџи постојано ги известува потрошувачите и Заедниците на станари со цел брзо да ги отстранат на пречките за да се овозможи квалитетна испорака на топлинска енергија.

За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100 а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.