
Ги информираме потрошувачите дека, за ден 6.10.2021 година, не се создадени надворешни услови за производство и испорака на топлинска енергија до потрошувачите.
Оваа информција е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозата за средна дневна температура од 13 ˚С за Скопје за 6.10.2021 година од Управата за Хидрометеролошки работи.
Законските прописи предвидуваат дека грејната сезона може да започне од 1 октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 120С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите пред официјалниот старт на грејната сезона, односно 15 октомври, ја носи Регулаторната комисија за енергетика.
Во моментов во 120 колективни станбени објекти, кои се приклучени на системот за централно греење, сè уште не се отстранети пречките кои се во надлежност на потрошувачите и заедниците на станари за да може грејната сезона да започне навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено. Во околу 40 објекти не е обезбедено напојување на топлинската станица со електрична енергија, а во 80 не се отстранети дефектите во внатрешната грејна инсталација или истото не е пријавено во Центар за грижа за потрошувачи на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.
Снабдување со топлина Балкан Енерџи постојано контактира со потрошувачите и Заедниците на станари за отстранување на пречките, со цел грејната сезона да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено.
Имајќи предвид дека доколку се случи пад на температурите грејната сезона може да започне порано од 15 октомври, соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици за ставање во функција на сите објекти дополнително ќе придонесе за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија.
Токму затоа ги повикуваме потрошувачите да ги отстранат дефектите во внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Снабдување со топлина Балкан Енерџи, а заедниците на станари или управителите на зградите да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).
За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100 а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.