
Ги информираме потрошувачите дека, за ден 3.10.2021 година, не се создадени надворешни услови за производство и испорака на топлинска енергија до потрошувачите.
Оваа информција е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозата за средна дневна температура од 14 ˚С за Скопје за 3.10.2021 година од Управата за Хидрометеролошки работи.
Законските прописи предвидуваат дека грејната сезона може да започне од 1 октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 120С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите пред официјалниот старт на грејната сезона, односно 15 октомври, ја носи Регулаторната комисија за енергетика.