Услови за испорака на топлинска енергија за 20.04.2022 година



Ги информираме потрошувачите дека, за ден 20.04.2022 година, исполнети се условите за производство и испорака на топлинска енергија до потрошувачите.

Оваа информaција е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ, а врз основа на прогнозата за средна дневна температура од 9˚С за Скопје за 20.04.2022 година од Управата за Хидрометеролошки работи.

За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100 а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.