Услови за испорака на топлинска енергија за 03.10.2020 година



Ги информираме потрошувачите дека, за ден 03.10.2020 година, не се создадени услови за испорака на топлинска енергија.

Оваа информција е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, а врз основа на прогнозата од Управата за Хидрометеролошки работи за средна дневна температура на воздухот од  17 ˚С за Скопје, за 03.10.2020 година.

 

Законските прописи предвидуваат дека грејната сезона може да започне од први октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 120С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи. Конечната одлука за испорака на топлинска енергија во деновите пред официјалниот старт на грејната сезона, односно 15 октомври, ја носи Регулаторната комисија за енергетика.