
Jа информираме јавноста дека за 16.04.2021 година се создадени услови за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија.
Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на СРМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 10˚С за 16.04.2021 година од Управата за Хидрометеролошки работи.
Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите може да се врши и по 15 април, но не подоцна од 30 април, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.