
Во периодот вон грејната сезона, водата од грејната инсталација на Вашиот објект не се празни (освен доколку некој потрошувач не побара заради интервенција). Грејната инсталација треба да е полна со вода, со што се спречува навлегување на воздух во инсталацијата (може да предизвика корозија), оневозможено е диво приклучување и се намалуваат трошоците за припрема на хемиски третираната вода која циркулира низ целиот дистрибутивен систем. Водата при загревање се шири и тоа исто се случува во Вашиот систем заради растот на собната температура, кога надвор е потопло. Затоа, Ве советуваме да не ги затворатe вентилите на радијаторите и другите грејни тела или во станските ормарчиња, затоа што водата нема да има каде да се шири, со што ќе дојде до зголемување на притисокот и испукнување на грејната инсталација.