
Донацијата е во вредност од 120.000 денари, а во висина на овие средства ќе се набави опремата која ќе овозможи заштеда на енергија
21.12.2016, Скопје – Снабдување со топлина Балкан енерџи донираше средства за набавка на опрема за заштеда на енергија за Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ од Скопје. Вредноста на донацијата е 120.000 денари.
„Снабдување со топлина Балкан енеџри секогаш се труди да придонесе за унапредување на различни сегменти во општеството. Овој пат се решивме да ја дадеме нашата поддршка за училиштето „Димитар Влахов“ кое извршува една многу благородна и специфична функција со цел да дадеме придонес за неговото подобро функционирање и унапредувањето на условите во училиштето во интерес на учениците“ – изјави на чинот на предавањето на вредносниот чек Емилија Јакимовска Мишева, одговорна за односи со јавност во Снабдување со топлина Балкан енерџи.
Врз основа на потребите на училиштето и со соодветна стручна проценка од страна на Снабдување со топлина Балкан енерџи донацијата ќе се употреби за набавка и инсталирање на на опрема за заштеда на енергија. Опремата ќе придонесе за значајни заштеди на енергија, а средствата кои по оваа основа ќе ги заштеди училиштето ќе може да ги пренамени и искористи за задоволување на други потреби на своите штитеници.
„Наша највисока цел е обезбедување на најквалитетни услови за престој и образование на децата и младинците со оштетен вид. Нашата секојдневна мисија е полесна кога постојат поддржувачи и пријатели како Снабдување со топлина Балкан енерџи. Опремата за заштеда на енергија ќе ни овозможи да пренамениме значајни финансиски средства за задоволување на други потреби на децата и младинците за кои се грижиме, изјави Горанчо Јакимов, директор на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.
Државното училиштето за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ е единствено училиште од ваков вид во Македонија и во него се образуваат 50 ученици од целата држава. Во рамките на училиштето функционира и интернат кој обезбедува престој и постојана грижа за дел од учениците.
За дополнителни информации во врска со ова соопштение Ве молиме контактирајте ги
ImagePR | (02) 3290 486 | media@imagepr.com.mk