
Во услови на засилени мерки за заштита на вработените и потрошувачите од ширење на корона вирусот во земјата, од денес 23.03.2020, Групацијата БАЛКАН ЕНЕРЏИ ГРУП АД Скопје презема дополнителни мерки за заштита на корисниците и вработените. Додека трае вонредната состојба, наплатните центри на компанијата ќе работат со скратено унифицирано работно време од понеделник до петок од 10 до 17 часот, а во саботите од 9 до 13 часот. Скратеното работно време ќе трае додека важат мерките и препораките донесени од Владата.
Топол дом е наш заеднички интерес, а безбедноста на вработените и потрошувачите е наш врвен приоритет.