Саниран е оштетениот топловод и нормализирана е испораката на топлинска енергија за потрошувачите во населбата Кисела Вода



Екипите на БЕГ во најкраток можен рок ја завршија санацијата на топловодот кој беше  оштетен од страна изведувачот на градежни активности за новопроектираната улица ”Есенинова”. Од 16:30 часот нормализирана е испораката на топлинска енергија за потрошувачите од населбата Кисела Вода.