
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи во најкраток можен рок ја завршија санацијата на дистрибутивната топловодна мрежа на улица Загребска. По отстранување на дефектот, повторно е воспоставена нормална испорака на топлинска енергија за потрошувачите во населбата Водно.