
Испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во општината Центар е целосно нормализирана откако екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи го отстранија дефектот на секундарниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа на улицата Васил Главинов.
Дефектот е саниран на 01.04.2018 и испораката на топлинска енергија до објектите е нормализирана истиот ден во претпладневните часови од кога се продолжи и со редовна испорака на топлина за потрошувачите на улиците:
- Ул. Максим Горки, бр. 14, бр. 8А
- Бул. Партизански одреди, бр. 5, бр. 7, бр. 9
- Ул. 27ми Март, бр. 10, бр. 14
- Ул. Орце Николов, бр. 0007, бр. 29
- Ул. Наум Наумовски Борче, бр. 0008
- Ул. Васил Главинов, бр. 3
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.