
Во тек е санација на голем дефект на вод DN100 на ул. Питу Гули, заради кој затворена целата мрежа во населба Водно, која се напојува преку пумпната станица (топлана) Водно.
Екипите во текот на целата ноќ ќе работат интензивно на санацијата на дефектот, за наутро потрошувачите да добијат нормална испорака на топлинска енергија.
Сепак, заради обемот на работата, ги информираме потрошувачите од населба Водно, за можен прекин на греењето во утринските часови.