
Поради прекинот на снабдувањето со електрична енергија во општина Карпош, во прекин е работата на циркулационите пумпи во топлинските потстаници во дел од засегнатите објекти, со што е прекината испораката на топлинска енергија.
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи забрзано работат на надминување на проблемот кој беше предизвикан поради прекинот на електрична енергија и да се воспостави нормална испорака на топлинска енергија до сите објекти.
Доколку имате проблем со испораката на топлинска енергија може да се обратите во Центарот за грижа на потрошувачи на 02 3076 200.