Прекин во испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Капиштец поради дефект



14.01.2017, Скопје – Дел од потрошувачите во населбата Капиштец во општината Центар имаат прекин во испораката на топлинска енергија заради дефект на секундарен вод на улицата Загребска. Без топлинска енргија се потрошувачите на улиците:

  • Загребска од број 1 до број 19а
  • Антон Панов од број 3 до број 10
  • Елисие Поповски – Марко од 41 до 43
  • Боро Петрушевски од број 27 до број 33
  • Мајка Тереза (Водњанска) броевите 60 и 62
  • Ацо Караманов број 1 и од број 11 до 33
  • Салвадор Аљенде – сите потрошувачи
  • Партениј Зоографски сите потрошувачи
  • Павле Савелиќ сите потрошувачи
  • Славе Деловски број 18б
  • Алберт Швајцер број 12

Eкипите на Дистрибуција со топлина Балкан Енерџи се веќе на терен и се работи на отстранување на дефектот. Според проценките интервенцијата на терен се очекува да заврши доцна во ноќта и испораката на топлинска енергија за потрошувачите од горе наведените адреси се очекува да биде нормализирана до утре наутро.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200