
Ги повикуваме потрошувачите, пред да пријават дефект или рекламација во Центрот за грижа на потрошувачи, да проверат дали нивниот објект се наоѓа на списокот затворени објекти кај кои не се испорачува толинска енергија даден на следниот линк Затворени Објекти 20.10.2020
Подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи: http://beg-snabduvanje.com.mk/customers/pregled-i-veb-prijava-na-defekt/
Доколку објектот за кој бараат информација не е на списокот на затворени објекти, потрошувачите може да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи со оставање аудио порака на еден од ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ 02/3076-200 или 075-400-100, со пополнување формулар на нашата веб страница или со испраќање СМС порака на телефонските броеви: 078-207-056 (ВИП) или 070-369-337 (Т-MОБИЛЕ)
Ги повикуваме потрошувачите, “Управителите” односно “Заедниците на сопственици” да ги отстранат дефектите на внатрешната грејна инсталација во најкус можен рок и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица, да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација) за да може испораката на топлинска енергија од системот за централно греење да се одвива непречено. Одржувањето на внатрешната грејна инсталација согласно важечките законски и подзаконски акти е одговорност на потрошувачите.
Соработката од страна на потрошувачите е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија.