
Граѓаните можат да поднесат барање за издавање на потврда за постоење на приклучок кон системот за централно греење со кој управува БЕГ.
Потврдите ги издава Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ – Скопје, за жители на општините: Аеродром, Гази Баба, Кисела Вода, Центар, Карпош и Чаир, односно за подрачја за кои компанијата поседува лиценца за дистрибуција на топлинска енергија.
За таа цел е потребно граѓаните да
- пополнат Барање потврда за постоење приклучок
- да го испратат пополнетото барање по електронска пошта до Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи или да го достават во архива на компанијата