Потрошувачите не можат да плаќаат фактури за топлинска енергија и други услуги на БЕГ преку Македонска пошта



БЕГ ги известува своите потрошувачи дека, како резултат на новонастанатата состојба со Еуростандард банка, нема да можат да вршат уплати на фактури за топлинска енергија и други услуги на БЕГ преку експозитурите на банката и поштенските единици на Македонска пошта која ја извршуваше оваа услуга во име на банката.

Фактурите за топлинска енергија и други услуги на БЕГ потрошувачите можат да ги платат на следните начини:

  • онлајн плаќање без провизија со користење на услугата BegEPay (Плати сметказа електронско плаќање на веб страната https://beg-snabduvanje.com.mk/
  • плаќање без провизија, во наплатните центри на БЕГ
  • користење на траен налог
  • плаќање во сите други банки