
Испораката на топлинска енергија до потрошувачите на системот за централно греење се врши по строго утврдени правила, усвоени од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Согласно со регулативата, грејната сезона трае до 15-ти април и истата може да биде продолжена до 30-ти април, во зависност од временските услови.
Во периодот од 15-ти до 30-ти април, испорака на топлинска енергија се врши само доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е помала или еднаква на 12 степени Целзиусови (согласно податоците од Управа за хидрометеоролошки работи).
Конечна одлука за испорака на топлинска енергија во деновите после официјалното завршување на грејната сезона (15-ти април), носи Регулаторната комисија за енергетика.