Поради санација на дефект на магистралниот вод прекината испораката на топлинска енергија во строгиот центар на градот, греењето ќе се стабилизира околу пладне



Поради санација на дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топлана Исток што води кон строгиот центар на градот, корисниците во овој реон утрово се без греење.

Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи се на терен и забрзано работата на санација на проблемот. Според проценката се очекува во најбрз рок, за 2 часа дефектот да биде саниран, по што ќе следи полнење на водот и нормализирање на испораката на топлинска енергија.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.