Поради дефект, привремен прекин во снабдувањето со топлина на неколку згради во центарот на Скопје



Поради дефект на секундарната дистрибутивна топлинска мрежа кај објектот на клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (т.н. стара Градска болница), неколку згради во центарот на Скопје времено не се во можност да добијат толинска енергија.

Конкретно, дефектот во мрежата предизвика прекин на греењето во болницата „Cв. Наум Охридски“, во зградите на Сојузот на синдикатите и Работничкиот универзитет „Кочо Рацин“, како и во зградите на булевар „11 Октомври“ со броеви: 19, 21 и 23 и на булевар „Кочо Рацин“ со броеви: 8, 10, 14, 18, 20 и 28.

Дежурните екипи на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи се на терен и интензивно работат на санирање на дефектот. Поради големината на дефектот, во овој момент, невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но екипите прават напори редовното снабдување со топлина во овој дел од градот да биде воспоставено во текот на денешниот ден.