Поради дефект на топловодна мрежа кај ТЦ Палома Бјанка, прекината испораката на топлинска енергија во објекти во строгиот центар на градот



Поради дефект на топловодна мрежа кај ТЦ Палома Бјанка без греење од утринава се корисниците на следните објекти:

  • Ул. Македонија бр.11
  • Ул. Македонија бр.17
  • Ул. Македонија бр.21
  • Ул.Македонија бр.17А
  • Ул. Македонија бр.11А
  • Ул. Македонија бр.15
  • Ул. Даме Груев бр.14
  • Ул. Даме Груев бр.14А
  • Ул. Димитрие Чуповски бр.7
  • Ул.Димитрие Чуповски бр.11
  • Ул.Ѓуро Стругар бр.11А

Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан Енерџи се на терен и забрзано работат на санација на проблемот. Според проценката се очекува во најбрз рок да се нормализира испораката на топлинска енергија.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.