Поединечно исклучување


Поединечното исклучување се врши по барање на сопственикот, кое го поднесува до снабдувачот со топлинска енергија, ако се исполнети следните услови:

  • системот на кој планира да се приклучи или системот за поединечно греење кој што ќе го користи, ги задоволува условите за ефикасно поединечно греење и обезбедува подобри енергетски перформанси, односно е поефикасен и еколошки поприфатлив во споредба со ефикасното централно греење, што се докажува со извештај за енергетска контрола изготвен од овластен енергетски контролор за згради
  • сопственикот обезбеди писмена согласност за исклучување од системот за централно греење со мнозинство од вкупниот број сопственици на посебни делови на зградата согласно со Законот за домување.
Прочитај повеќе

Во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти каде распределбата на надоместокот се врши преку еден мерен уред на влез во топлинска подстаница може да се врши поединечно исклучување на посебен дел од објектот по барање на сопственикот, поднесено до снабдувачот со топлинска енергија, ако се исполнети следните услови:

  • сопственикот обезбеди писмена согласност за исклучување од системот за централно греење со мнозинство од вкупниот број сопственици на посебни делови на зградата согласно со Законот за домување.
  • сопственикот кој го поднесува барањето е потребно
  • да изготви проект за греење со кој ќе се предвиди алтернативниот систем за греење кој што ќе се користи по исклучувањето обезбедува подобри енергетски перформанси, односно е поефикасен и еколошки поприфатлив и го намалува користењето на примарна енергија во споредба со системот за централно греење на којшто е приклучен, земајќи ја предвид енергијата потребна за екстракција, конверзија, транспорт и дистрибуција
  • да ангажира инженер со овластување за проектирање од областа на енергетската ефикасност или друг соодветен инженер со овластување за изработка на проектна документација за греење, за изготвување на проектот за греење,
  • да му го достави на снабдувачот проектот за греење со барање за негово одобрување и реализирање

Снабдувачот одлучува по барањето за одобрување на проектот со решение во рок од 15 дена од денот на доставување. Ако снабдувачот го одбие барањето за одобрување на елаборатот за енергетска ефикасност, потрошувачот има право против решението на снабдувачот да поднесе приговор до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ

По добиено одобрување од снабдувачот, сопственикот на посебниот дел

  • пристапува кон изведба на работите во проектот за греење
  • ангажира енергетски контролор кој што изготвува извештај за енергетска контрола со кој се докажува дека изведениот систем за греење обезбедува подобри енергетски перформанси, односно е поефикасен и еколошки поприфатлив и го намалува користењето на примарна енергија во споредба со системот за централно греење на којшто е приклучен, земајќи ја предвид енергијата потребна за екстракција, конверзија, транспорт и дистрибуција
  • го информира снабдувачот и ја приложува целокупната документација за спроведената постапка за исклучување од системот за централно греење .

По спроведувањето на постапката, снабдувачот донесува решение со кое се усвојува или одбива барањето за исклучување од системот на централното греење. Против решението сопственикот има право да поднесе приговор до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ. Сопственикот на кој му е издадено решение за исклучување од системот на централното греење треба да ги подмири сите доспеани обврски спрема снабдувачот по основ на испорачана топлинска енергија и трошоци за исклучување утврдени согласно Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, со што договорот со снабдувачот ќе се смета за раскинат. Сепак, сопственикот на кого му е издадено решението за исклучување на посебниот дел од објектот ќе треба да го плаќа фиксниот дел од вкупниот надоместок за топлинска енергија утврден согласно Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија се додека не поднесе барање за ослободување од оваа обврска и не ги исполнува условите за  ослободување од обврската за плаќање на месечен надоместок за ангажирана топлинска моќност.