Поединечно времено исклучување


Поединечно времено исклучување на посебен дел од објектот се врши по барање на потрошувачот односно сопственикот на посебниот дел од објектот.

Кон барањето сопственикот/ потрошувачот потребно е да достави изјава за времено некористење на посебниот дел од објектот која се поднесува најдоцна до 30 септември и истата задолжително треба да содржи податоци за временскиот период-грејна сезона за која посебниот дел од објектот нема да се користи, како и причина/и по основ на која посебниот дел од објектот нема да се користи.

Сопственикот/потрошувачот кој времено се исклучил од системот за централно греење треба да го плаќа фиксниот дел од вкупниот надоместок за топлинска енергија утврден согласно Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија.

Прочитај повеќе

Поединечно времено исклучување на посебен дел од објектот се врши по барање на сопственикот/ потрошувачот на посебниот дел од објектот. Кон барањето сопственикот/ потрошувачот потребно е да достави изјава за времено некористење на посебниот дел од објектот.  Изјавата за времено некористење на посебниот дел од објектот се поднесува најдоцна до 30 септември (потрошувач од нов објект во текот на целата грејна сезона) и истата задолжително треба да содржи податоци за временскиот период-грејна сезона за која посебниот дел од објектот нема да се користи, како и причина/и по основ на која посебниот дел од објектот нема да се користи.

Во рок од 15 дена од денот на доставувањето на комплетното барање се носи решение за усвојување или одбивање на барањето. Решението за усвоено барање се однесува само за една грејна сезона. За решение со кое се одбива барањето за времено исклучување сопственикот има право да поднесе приговор до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ.

Доколку е донесено решение за усвојување на барањето, сопственикот со документ за идентификација пополнува и потпишува образец за исклучување во некој од наплатните центри на Снабдување со топлина Балкан енерџи. Доколку сопственикот на имотот не е во можност лично да дојде во наплатниот центар, потребно е да ополномошти  друго лице, кое во некого име може да ги потпише потребниот образец за исклучување од системот за централно греење. Трошоците поврзани со постапката за исклучување се обврска на потрошувачот.

По завршување на грејната сезона, најдоцна до 31 мај во тековната година, сопственикот на посебниот дел кој времено се исклучил од системот за греење има обврска до Снабдување со топлина Балкан енерџи да достави фактури за потрошена електрична енергија за периодот за кој е издадено решението. Во периодот за кој е издадено решение за времено исклучување на посебниот дел од објектот од системот за централно греење, потрошувачката на електрична енергија на месечно ниво не треба да надминува 50 kwh, односно 350 kwh за целиот период на траење на грејната сезона. Доколку сопственикот/ потрошувачот не ги достави фактурите за електрична енергија до снабдувачот,или од фактурите за потрошената електрична енергија се утврди дека е надминат прагот од 50 kwh месечно, односно 350 kwh за целиот период на траење на грејната сезона, снабдувачот донесува решение за престанок на важење на решението за времено исклучување на посебниот дел од објектот од системот за централно греење, со кое ќе го задолжи сопственикот/ потрошувачот да го уплати варијабилниот дел од вкупниот надоместокот за грејната сезона.