
Апел до Потрошувачите, Управителите и Заедниците на сопственици да ја проверат исправноста на грејните инсталации во објектите пред почетокот на новата грејна сезона
Со цел испораката на топлинска енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да се одвива непречено по почетокот на грејната сезона, потребно е потрошувачите во текот на месец септември 2021 година да ги завршат сите неопходни проверки и поправки на внатрешната грејна инсталација.
Напомнуваме дека Заедниците на сопственици и Управителите на објектите потребно е да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската подстаница и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени фактури за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).
Согласно законските прописи, грејната сезона може да започне од 1ви октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 120С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.
За сите неопходни информации, потрошувачите може да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на БЕГ Снабдување на телефонските броеви 023076200 и 075400100.