Почеток на регуларниот период од грејната сезона 2021/2022



Почнувајќи од утре, 15 октомври започнува регуларниот период од годинешнава грејна сезона 2021/2022 кога испораката на топлинска енергија до потрошувачите се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури. Овие правила и дијаграми се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите одобрена од Регулаторната Комисија за Енергетика на Република Македонија и водни услуги на РСМ-РКЕ.

При тоа, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 односно 21 степен Целзиусов.

Во исто време, со овие правила и дијаграми на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални можни трошоци за греење на корисниците.

При точно дефинирани одредени атмосферски услови кога надворешните дневни температури ќе достигнат одредени гранични вредности, се врши прекин на испораката на топлинската енергија, односно системот за централното греење се исклучува. По направениот дневен прекин на испорака на топлинска енергија, кога надворешните дневни температури ќе се под одредени гранични вредности се стартува со испорака на топлинска енергија, односно централното греење повторно се вклучува.

Инаку, оваа година грејната сезона почна пред 15 октомври, кога согласно регулативата во одредени денови заради наглото заладување и просечни дневни температури пониски од 12 степени, РКЕ даде одобрение за испорака на топлина за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите.

За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100 а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.