Плаќајте ги сметките за топлинска енергија електронски



Снабдување со топлина Балкан енерџи со услугата „ BegEPay (Плати сметка) “ им овозможува на потрошувачите електронски да ги плаќаат сметките, односно фактурите за топлинска енергија.

BegEPay е платформа која на потрошувачите им овозможува на брз и едноставен начин да ги проверат, според име и датум, сите неплатени сметки за топлинска енергија на нивните станови и деловни простории и да ги платат по електронски пат, без дополнителни трошоци. Преку новата BegEPay услуга може да се платат сите доспеани сметки, односно фактури, освен оние кои се предмет на тужба.

За да може потрошувачот да го користи системот за електронско плаќање на сметките потребно е да се регистрира, односно да креира свој кориснички профил, следејќи го упатството поставено на web страницата на БЕГ– Снабдување.

За сите информации поврзани со електронското плаќање на фактурите потрошувачите може да се информираат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075-400-100.