Отстранет дефектот во дистрибутивната мрежа во општината Центар



12.04.2017, Скопје – Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи го санираа дефектот во секундарната дистрибутивна топлинска мрежа што се појави вчера на дел од територијата на општина Центар.

Со ова, од попладнето денеска (12.04.2017) се воспоставени услови за нормална испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи на улиците „Мито Хаџивасилев – Јамин“ број 26 и 30, „Македонија“ број 3 и 5 и „Даме Груев“ број 5а.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200