
По интервенција на екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи, отстранет е дефектот во Автокоманда, кој во текот на утринските часови предизвика привремен прекин на испорака на топлинска енергија за објектите:
- Архимедова бб – Природно – математички факултет
- Архимедова бр.3 – Студентски дом Стив Наумов
- Архимедова бр.5 – Хемиски факултет
- Архимедова бр.6
- Едвард Кардељ бб – Шумарски факултет
- Едвард Кардељ бб – Земјоделски факултет
- Едвард Кардељ бб – Ботаничка градина
- Едвард Кардељ бб – Институт за проучување на почви
- Едвард Кардељ бб – Пицерија Смок
- Интернационални бригади бб – Противпожарен дом
- Лазар Поптрајков бр.5 – Факултет за ветерина и Ветеринарна болница
Со санација на дефектот воспоставено е редовно снабдување со топлинска енергија за сите потрошувачи од објектите на овие улици.
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи редовно ја следат состојбата на дистрибутивната мрежа и се подготвени брзо да интервенираат доколку има потреба.
Потрошувачите можат да пријават дефект или рекламација за квалитетот на греење преку Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот бројот 02/3076-200 или 075/400-100, со праќање СМС-порака на броевите: 078/207-056, 070/369-337 како и преку веб страницата на Снабдување со топлина Балкан енерџи, во кој било дел од денот.