
По интервенција на екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи, отстранет е дефектот на улица Орце Николов, што во текот на вчерашниот ден предизвика привремен прекин на испорака на топлинска енергија за објектите:
- улица Орце Николов парни броеви од 86А до 100
- улица Н.Н.Борче парни броеви од 80 до 98
- 8 Март од бр.1 до бр.20
- Коле Неделковски од бр.3 до бр.16
- Илинден од бр.45 до бр.82
- Аминта Трети од бр.2 до бр.17
- Роса Плавева бр.1А, 4 и 6
- Ристо Шишков од бр.12 до бр.39
- Пајак од бр.1 до бр.18
- Ј.Х.Џинот бр.14, 19, 21 и 22
Со санација на дефектот е воспоставено редовно снабдување со топлинска енергија за сите потрошувачи од објектите на овие улици.
Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи редовно ја следат состојбата на дистрибутивната мрежа и се подготвени брзо да интервенираат доколку има потреба.
Потрошувачите можат да пријават дефект или рекламација за квалитетот на греење преку Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот бројот 02/3076-200 или 075/400-100, со праќање СМС-порака на броевите: 078/207-056, 070/369-337 како и преку веб страницата на Снабдување со топлина Балкан енерџи, во кој било дел од денот.