Отстранет дефектот на магистралниот вод во дистрибутивната мрежа



По брза интервенција на екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи, отстранет е дефектот на топлинската мрежа на ул. „Стале Попов“, што предизвика делумно затворање на магистралниот вод А на потегот од Топлана „Исток“до општина Кисела Вода.

Со санација на дефектот, од попладнето денеска (14.12.2017) се воспоставени услови за нормална испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи од објектите во општина Кисела Вода, делови од општина Аеродром (бул.3-та Македонска бригада, ул.Венјамин Мачуковски, ул.Анастас Митрев, ул.Мирче Ацев) и делови од општина Центар (ул.Цицо Поповиќ, ул.Стале Попов, ул.Анастас Митрев, ул.Никола Карев).

Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи редовно ја следат состојбата на дистрибутивната толинска мрежа и се подготвени брзо да интервенираат доколку има потреба. Потрошувачите можат да пријават дефект или рекламација за квалитетот на греење преку Центарот за грижа за потрошувачи со оставање звучна порака на еден од телефонските броеви 02/3076-200 или 075-400-100, со праќање СМС-порака на броевите 078-207-056 (ВИП) или 070-369-337 (Т-MОБИЛЕ) како и преку нашата веб страницата, во кој било ден од денот, 24/7.