Основни податоци


Снабдување со топлина Балкан енерџи Дооел Скопје е друштво кое врши јавна дејност снабдување со топлинска енергија.

Јавната дејност снабдување со топлинска енергија друштвото ја извршува согласно Лиценца  (УП1 Бр.11-293/12) издадена од страна на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија со важност од 01.01.2013 година. Основна мисија и цел на друштвото е да обезбеди сигурно, континуирано и квалитетно снабдување со топлинска енергија..

Врз основа на одредбите од лиценцата, Снабдување со топлина Балкан енерџи ДООЕЛ Скопје врши енергетската дејност снабдување со топлинска енергија на потрошувачите приклучени на дистрибутивната мрежа на подрачјето на град Скопје односно на делови од подрачјата на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир.
Друштвото својата дејност ја извршува преку три наплатни центри:

Адреса: Улица Лондонска бр. 8, Скопје
Овој наплатен центар дејноста ја извршува на подрачјето на општина Карпош, дел од општина Центар и дел од општина Ѓорче Петров.

Адреса: Булевар Кочо Рацин бр. 33, Скопје
Овој наплатен центар дејноста ја извршува на подрачјето на општина Центар, Кисела Вода, дел од општина Чаир и мал дел од општина Аеродром.

Адреса: Булевар Јане Сандански бр.49, Скопје
Овој наплатен центар дејноста ја извршува на подрачјето на општина Аеродром.