Ограничување на времето на држење на внатрешната инсталација без вода



Согласно Одлуката за определување на трошоците за исклучување и приклучување на топлинска станица (мерно место) на корисник од/на топловодната дистрибутивна мрежа и трошоци за празнењена грејна инсталација заради извршување на сервисни активности и приклучување и исклучување на/од грејна инсталација на објектот, одобрена од Регулаторната комисија за енергетика со Решение бр.02-1301/1 од 03.07.2015 година, роковите за држење на инсталацијата без вода е:

  • во период од 01.05. – 30.09. ограничувањето е 7 дена, но не подоцна од денот на почетокот на грејната сезона;
  • во период од 01.10. – 30.04. грејната инсталација може да се држи без вода само во временскиот период кога топланите не испорачуваат топлинска енергија;

Дистрибутерот е должен, веднаш по истекот на горенаведените рокови, да ја наполни внатрешната инсталација со вода. Полнењето на инсталацијата ќе биде извршено во термин за кој претходно ќе биде известен подносителот на барањето за испуштање на вода. При полнење на внатрешната инсталација, Дистрибутерот не одговара за евентуално настанатите штети поради непочитување на наведените рокови.