
Информираме дека од денес 08.04.2020, наплатните центри на компанијата ќе работат со ново работно време и тоа само од понеделник до петок од 8.30 до 14.00 часот.
Измената на работното време на наплатните центри e согласно одлуката на Владата за ограничувањата за движење на сите граѓани на територијата на целата држава од понеделник до петок од 16 до 5 часот наредниот ден, како и забраната за движење oд петок од 16 часот до 5 часот во понеделник
Во интерес на јавното здравје, безбедноста на потрошувачите и вработените, како и справување со заканата од корона вирусот (КОВИД-19), апелираме:
- ПЛАЌАЈТЕ ГИ ФАКТУРИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ
Користете ја услугата BegEPay (Плати сметка) за електронско плаќање на веб страната https://beg-snabduvanje.com.mk/ или плаќајте електронски преку банките.
- ИЗБЕГНУВАЈТЕ НЕПОТРЕБНИ ГУЖВИ
Минимизирајте ги посетите на наплатните центри и деловната зграда на компанијата, освен за неодложни барања и услуги.
- НИЕ СМЕ ТУКА ЗА ВАС, КОНТАКТИРАЈТЕ НÉ
За сите потребни информации посетете ја веб страната https://beg-snabduvanje.com.mk/. Доколку сакате да поднесете барање, изберете го линкот “Центар за грижа на потрошувачи”, обратете се на телефонските броеви 02/3076 200 и 075/400-100, или користете електронска пошта contact@beg-snabduvanje.com.mk
Заштитете се себеси и другите со плаќање на сметките од дома, користете електронско плаќање!