Сервис за внатрешна грејна инсталација


Редовното одржување на внатрешната грејна инсталација е од суштинско значење за квалитетно греење и е одговорност исклучиво на потрошувачите.

Потрошувачите се грижат за функционалноста и исправноста на внатрешната грејна инсталација самостојно или со ангажирање на компании или стручни лица кои се занимаваат со одржување на системи за греење.

 

МОЈ СЕРВИС – сервис за вашата грејна инсталација

МОЈ СЕРВИС, нуди професионални сервисни услуги и решавање на проблеми со внатрешната грејна инсталација

Вашите барања за сервисни интервенции и увиди за утврдувањена причината за дефектот на грејната инсталација можете да ги доставите до Центарот за грижа на потрошувачи.

Повеќе информации за начинот на користење на услугата МОЈ СЕРВИС
Корисниците на услугите на МОЈ СЕРВИС пред почетокот на сервисната интервенција преку работен налог ќе бидат уредно информирани за цените и описот на работната рака и материјалите кои ќе бидат употребени.
Корисникот на услугата МОЈ СЕРВИС е потребно да има со потпишан договор за снабдување со топлинска енергија со Снабдување со топлина Балкан енерџи и да ги ажурира своите лични податоци.
Со цел корисникот да се осигура дека услугата ќе биде завршена според договореното во прилог на работниот налог ќе се потпише и Договор за сервисни услуги со кој ќе се регулираат правата и обврските помеѓу корисникот на услугите и давателот на услугата Мој Сервис.
По завршување на сервисната услуга корисникот на услугата потребно е да изврши уплата на целокупниот износ преку пос-терминал (платежна картичка). Доколку, корисникот на услугата не поседува платежна картичка цената на сервисната услуга е потребно да ја плати преку ПП10 уплатница во банка или пошта или преку про-фактура, откако ќе ја реализира уплатата и информира за истата, ќе му биде закажан термин и ќе му биде извршена сервисната услуга.
По завршувањето на сервисната услуга и наплата, Корисникот на услугата ќе добие соодветна фактура дека сервисната интервенција е веќе наплатена.

Зошто да не изберете нас?

Квалитет на услугата

Тимот на МОЈ СЕРВИС е составен од искусен и стручен професионален кадар кој гарантира квалитетна сервисна услуга.

Решавањето на проблемите со греењето, не го доверувајте на нестручни лица кои не гарантираат за квалитетот на извршената услуга, ризиците и несаканите последици. Ангажманот на нестручни лица може да резултира со нефункционалност на внатрешната грејна инсталација како и сериозни штети и хаварии на системот за греење во целиот објект.

Конкурентни цени

Услугите на МОЈ СЕРВИС се најконкурентни на пазарот. Материјалите кои се вградуваат се од реномирани производители со докажан квалитет, по најниска цена, со најмалку 1 година гаранција.

МОЈ СЕРВИС – Брзо. Ефикасно. Гарантирано!