
05.03.2017, Скопје – Нов дефект во секундарната дистрибутивна топлинска мрежа на улиците „Дрезденска“ и „Алжирска“ во општината Карпош, предизвика повторен прекин на испораката на топлинска енергија кај дел од објектите лоцирани на овие две улици, иако екипите на „Дистрибуција со топлина Балкан енерџи“ го отстранија во најкраток рок првиот дефект кој настана во петокот попладне (3. март).
Заради новиот дефект, од утринава без топлинска енергија се објектите со броеви: 12, 20, 28, 32, 34 и 36 на улица „Дрезденска“, како и објектите со броеви: 1, 2, 3, 9, 11, 13, 15, 17, 19 и 25 на улицата „Алжирска“.
Екипите на „Дистрибуција со топлина Балкан енерџи“ се на местото на дефектот и се работи на негово санирање, со што се очекува да продолжи редовната испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи на споменатите улици.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200