
Испораката на топлинска енергија за потрошувачите на Снабдување со топлина Балкан енерџи е нормализирана, откако екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи го лоцираа дефектот на дистрибутивната мрежа во населбата Тафталиџе 1, општина Карпош.
Eкипите се веќе на терен и се работи на отстранување на дефектот. Дефектот ќе биде саниран во текот на ноќта и сите потрошувачите во утринските часови ќе добијат навремена испорака на топлинска енергија.
За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200